МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ДОБИ НОВ КИНО ПРОЕКТОР И IT ОПРЕМА

Македонска Каменица, 16.04.2019 година – Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица официјално беше предаден новиот кино проектор и IT опремата кои се набавени во рамки на проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“, финансиран преку Interreg – IPA CBC Програмата на Европската Унија. Овој проект е реализиран како партнерство помеѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Бугарија. Проект менаџер од македонска страна беше Гоце Ангелов, а финансиски менаџер на проектот беше Даниел Марковски. На денешниот настан се обратија Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица и Маја Падарева, директор на Народното читалиште во Белица.

Со набавката на новата опрема за Македонска Каменица и со реконструкцијата на зградата на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица, се обезбедени подобри услови и неопходна опрема за зачувување и презентација на културното наследство во двете општини.

Инаку, проектот за Нов Дом на култура во Македонска Каменица започна со изработка на проектна документација за реконструкција на старата Кино сала – проект кој беше финансиран преку IPA Програмата, комплетна реконструкција на старата Кино сала – проект кој е финансиран со финансиски средства од Светска банка, а е финализиран со набавката на новиот кино проектор и техничка опрема.

Сподели

Остави коментар