Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Општина Македонска Каменица, на ден 27.02.2025 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW – Луковица 3, на дел од КП 912/4, КО ЛУКОВИЦА, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА кој го одобрува Градоначалникот на општина Македонска Каменица не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW – Луковица 1, на дел од КП 912/4, КО ЛУКОВИЦА, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА се определуваат следните: општина Македонска Каменица, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.
- Донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW – Луковица 1, на дел од КП 912/4, КО ЛУКОВИЦА, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, за чија изработка е одговорен “Аква Инг” ДОО од Штип, ќе нема значителни влијание врз животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Македонска Каменица на следната веб адреса/и: makedonskakamenica.qov.mk
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.
Бр . 10-609/1 03.03.2025
Место Општина Македонска Каменица