ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Гроадоначалникот на општина Македонска Каменица, на ден 10.11.2017 година, донесе

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

  1. планскиот документ на Детален урбанистички план за блок 5, КО Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Македонска Каменица www.makedonskakamenica.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план за блок 5, КО Македонска Каменица , Општина Македонска Каменица нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Согласно постојниот ГУП на градот М.Каменица на предметниот локалитет е предвидена класа на намени А1 – домување во станбени куќи и компатабилните класи на намени на основната В2- детска градинка и заштитно зеленило. Според ГУП на М.Каменица на предметниот локалитет се предвидуваат содржини кои меѓу себе ги надополнуваат потребите на жителите, со можности за присуство на дејности и капацитети што не ја загрозуваат животната средина во и надвор од локалитетот, a се во согласност со своите финансиски и развојни политики, која се должи на начинот на стопанисување со градежното земјиште кое е во сопственост на имателите на катастарските парцели од што произлезе и потребата за изработка на овој детален урбанистички план за дел од централното градско подрачје на град М.Каменица.
  4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија со седиште на ул. ,, Булевар Гоце Делчев,, бб Скопје во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Сподели

Остави коментар