Општина Македонска Каменица ги демантира лажните и невистинити тврдења изнесени на социјалните мрежи

Д Е М А Н Т

Врз основа на изнесените невистини од страна на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, преку официјалните партиски налози на социјалните мрежи, за наводно исплаќање на општински средства на невработено, односно надворешно лице за изработка на официјалниот општински веб-сајт, општина Македонска Каменица целосно ги отфрла пишувањата како лажни и невистинити.

Ги информираме граѓаните и целокупната јавност, дека потребата од ангажирање на надворешно лице за изработка на нова официјална веб страна беше нужност, која произлезе од фактот што постоечката веб- страна беше срушена, односно пристапот до www.makedonskakamenica.gov.mk беше оневозможен подолг период, од причини познати на дотогаш задолжените лица во општината за одржување и ажурирање на истата.

Исто така, во текот на изминатите години, од страна на општина Македонска Каменица е користена застарена и некомпатибилна платформа, која не можеше да одговари на потребите на Општината за постојано и навремено информирање за транспарентно работење на локалната самоуправа.

Општина Македонска Каменица уште еднаш целосно ги отфрла обвинувањата, ги демантира изнесените тврдења како неосновани и невистинити. Изјавуваме дека за изработката на сега постоечкиот официјален сајт на општина Македонска Каменица нема исплатено никакви средства, односно истиот е изработен на волонтерска основа, без да биде исплатен паричен надомест, сѐ во интерес за непречено информирање на граѓаните и нормално функционирање на Општината.

Општина Македонска Каменица

Сподели

Остави коментар