Општина Македонска Каменица објавува Конкурс за доделување стипендии за ученици и студенти

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2017/2018год.

Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2017/2018 година ќе додели 20 стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица од кои:

6 (шест) стипендии на редовни ученици од основно образование;
8 (осум) стипендии на редовни ученици во државните средни училишта и;
6 (шест) стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети.
Стипендиите се во износ од 3.000,00 денари(триилјади денари) и се доделуваат за период од 10(десет) месеци во текот на една учебна односно студиска година.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици и студенти кои се:

-Жители на општина Македонска Каменица (од градот М.Каменица и населените места кои припаѓаат на општина М.Каменица);

-Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;

-Учениците во основно образование можат да се пријавуваат започнувајќи од осмо одделение;

-Учениците во средно образование може да се пријават започнувајќи од втора учебна година;

-Студентите може да се пријавуваат започнувајќи од втора студиска година.

II.НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребни документи :

На конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи:

За ученици;

-Потврда за започната учебна година за ученици;

-Копија од свидетелство за завршено седмо или осмо одделение основно образование;

-Копија од свидетелство за завршена прва,втора или трета година средно образование;

За студенти;

-Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветна студиска година;

-Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% испитите од претходните години;

Учениците и студентите треба да достават ги достават и следните докумети:

– Копија од лична карта;

– Копија од уверение за државјанство;

– Изјава за семејната положба заверена од месната самоуправа;

-Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на ученикот/студентот и на членовите на неговото семејство;

-Потврдa за висината на платите на членовите на семејството на ученикот/студентот;

-За членовите на семејството на ученикот/студентот кои се пензионери

-Чек од пензија за последниот месец;

– За невработените членови од семејството на ученикот/студентот -потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

III.КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

-Остварен просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8.00(осум) за студентите односно остварен просечен успех од 5.00(пет) во текот на последната учебна година.

По овој основ може да се добијат најмногу 70 бода.

-Талентираност на студентот-ученикот доколку има освоено прва,втора или трета награда во групна или поединечна конкуренција на меѓународен или државен натпревар.

По овој основ може да се добијат најмногу 20 бода.

-Материјалните можности на студентот-ученикот и неговото семејство(студенти односно ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители,од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи)

По овој основ може да се добијат 10 бода.

Пријавувањето започнува од 26.03.2018 година и ќе трае 15 работни денови. .

Пријавите со потребните документи се поднесуваат во затворен плик во Архивата на општина Македонска Каменица или по пошта на адреса:

Општина Македонска Каменица

ул” Каменичка” бр.2

М.Каменица

Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Градоначалник Соња Стаменкова

Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2017/2018год.

Сподели

Остави коментар