Покана за пријавување на угостители за „Ден на дијаспора 2018“

Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ се организатори на традиционалната средба со иселениците од Македонија – „Ден на дијаспора“. Овој настан ќе се оддржи на 12-ти август, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица.

На настанот се очекуваат повеќе од 1500 македонски иселеници, претставници на Здруженија на иселениците во странство, како и владини претставници. Покрај официјалниот дел, на „Еленец“ ќе има и културна програма во рамки на која ќе настапи македонската музичка ѕвезда Марјан Коцев и локалниот Актив бенд. По тој повод, општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ ги известуваат сите заинтересирани угостители дека ќе може бесплатно да поставуваат штандови и шанкови за продажба на храна и пијалоци.

Заради подобра организација и распределба на локациите за штандови и шанкови, угостителите треба да го пријават своето учество најдоцна до петок (10.08.2018), во просториите на општина Македонска Каменица или Културно-информативниот центар „Романса“.

Сподели

Остави коментар