Работна средба на Градоначалникот на општина Македонска Каменица

Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова денес оствари работна средба со претставници на градежно–проектантската компанија „Стокуќа“ од Скопје и „Karkanias Environmental Technology SA“ од Larissa – Грција кои што развиват системи кои управуваат со еколошките проблеми а се специјализирани за проектирање, изградба, и одржување на објекти за третман на отпадни води и индустриски отпад.

На средбата се разговараше за состојбата и третирањето на отпадните води во Македонска Каменица како и можностите за изградба на објект кој ќе ги зафаќа и третира фекалните и индустриските отпадни води пред излевање во Камничка Река и Езерото Калиманци.

 

Сподели

Остави коментар