Распишан тендер за изградба на нов водоводен систем во Павлиш Дол, с. Моштица

Општина Македонска Каменица објави оглас за Јавна набавка за изградба на новиот водоснабдителен систем за потребите на жителите на Павлиш Дол, село Моштица. Предвидените средства во висина од приближно 14 милиони денари се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица.

Изградбата на овој проект решава повеќе децениски проблем на жителите од овој дел на Македонска Каменица. Со реализацијата на проектот, домаќинствата од Павлиш Дол ќе добијат подобрен квалитет на вода за пиење. Значајно за напомена е тоа што, конечно ќе бидат отстранети  и последните азбестни цевки од водоснабдителниот систем во Општината.

Пристапот до квалитетна вода за пиење е елементарно човеково право. Заложбите на локалната самоуправа, покрај спроведените активности за подобрена заштита на животната средина и политиките за воведување на енергетска ефикасност во работењето, посветено работи во насока на обезбедување на сите граѓани со чиста и квалитетна вода за пиење.

Пријавувањето на огласот за Јавна набавка за најповолен изведувач на градежните работи е до 29.12.2020, до 12:00 часот. Станува збор за поедноставена отворена постапка, во која е предвиден рок од 240 денови за изведба на градежните работи, од денот на склучување на договорот.

Линк до огласот за Јавни набавки овјавен на веб страната на општина Македонска Каменица, овде.

Сподели

Остави коментар