Се асфалтираат повеќе пристапни патишта во село Луковица

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на градежни активности, кои се дел од програмата предвидена за уредување и асфалтирање на пристапните патишта во селските средини. Денес, заврши асфалтирањето на пристапни патишта во село Луковица, со ширина од 3 метри и со должина од 530 метри.

Со ова општина Македонска Каменица продолжува со решавање на приоритетните прашања на граѓаните и ги подобрува условите за живот во селските средини. Во тек е подготовка на документација за уште неколку проекти и во останатите селски средини кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа или во текот на следната година.

Покрај изготвените проектни документации, интензивно работиме на подготовка на потребна проектна документација за продолжување со асфалтирање и уредување на повеќе локални пристапни патишта во повеќе селски средини. Конкретно, се работи на изготвување на проектна документација за поврзување на село Тодоровци, преку Паламарско до село Луковица и локален пат од Луковица кон село Косевица, преку Врвачко маало. Следува реализација на проекти со наведените градежни активности и во село Цера, од м.в Побиен Камен до Гребење, опфатени се и неколку пристапни патишта во село Костин Дол и асфалтирање на поголем дел пристапни патишта до домовите на граѓаните во делот на Стара Каменица.

n

Сподели

Остави коментар