Се оддржа црковно народниот собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Еленец, село Цера

Вчера, 14 Октомври, традиционално како и секоја година се оддржа црковно народниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера.  Храмовата слава и истоимениот христијански празник “Покров на Пресвета Богородица” ги собра верниците од Македонска Каменица и цела Источна Македонија на целодневно дружење. 

Со активно учество во организација на настанот покрај членовите на црковниот одбор во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, Еленец – село Цера, помагатели на црковно народниот собир во делот на организирање на забавниот дел од истиот беа Здружението на пензионери, КИЦ „Романса“ и општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар