СООПШТЕНИЕ од ООУ “Св. Кирил и Методиј” за Упис на ученици во I одделение за учебната 2019/20 година

Соопштение од ООУ„Св.Кирил и Методиј” – Македонска Каменица за Упис на ученици во I одделение за учебната 2019/2020 година:

– Деца кои се родени од 01.01.2013год. до 31.12.2013год.
– По исклучок може да се запишат и деца кои се родени до 31.01.2014 год. но по претходно барање на родителот и добиено мислење од стручните соработници;

За запишување на децата во I одделение, родителите се должни да ги достават следните документи:

1. Извод од матичната книга на родените (не мора да биде со нов датум)
2. Потврда за примените задолжителни вакцини на детето (потврдата се добива ИСКЛУЧИВО во Службата за здравствена заштита на деца и млади – вакцинација, Јавна установа Здравствен дом во М.Каменица)
3. Потврда од Стоматалог

НАПОМЕНА: При запишувањето на децата задолжително е присуството на детето кое ќе се запишува и на еден од родителите.

Потврдите за примени вакцинации на детето издадени од матични или други лекари не се признаваат.

Запишувањето на децата ќе се врши во текот на месец мај, почнувајќи од 6 мај 2019год. (Понеделник) секој работен ден од 09-14 часот во канцеларијата на училишниот педагог и тоа:

-6 Мај, децата родени во месец Јануари
-8 Мај, децата родени во месец Февруари
-9 Мај, децата родени во месец Март
-10Мај, децата родени во месец Април
-13 Мај, децата родени во месец Мај
-14Мај, децата родени во месец Јуни
-15 Мај, децата родени во месец Јули
-16 Мај, децата родени во месец Август
-17 Мај, децата родени во месец Септември
-20 Мај, децата родени во месец Октомври
-21 Мај, децата родени во месец Ноември и
-22 Мај, децата родени во месец Декември

Сподели

Остави коментар