СООПШТЕНИЕ: Се воведува вонреден сообраќаен режим во градот за претстојното „Каменичко културно лето 2018“

Општина Македонска Каменица ги известува жителите- возачи и споственици на моторни возила, дека поради претстојното “Каменичко културно лето 2018” во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица.

Ги замолуваме граѓаните- возачи своите возила да ги паркираат во своите дворови или гаражи и на уредените паркинг просторите во градот. Да се однесуваат согласно наредбите и вонредно наложените прописи од службените лица за јавен ред и мир, со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај во наведениот период од една страна и заштита од несакани штети на возилата на граѓаните од друга страна.

Општина Македонска Каменица упатува огромна благодарност за соработката и разбирањето до граѓаните, со апел и надеж дека сите заедно, можеме да придонесеме, претстојното “Каменичко културно лето 2018”, да биде најубаво организиран културен настани во Македонија и пошироко во регионот.

Сподели

Остави коментар