СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа на член 35 став 3 од од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/2014, бр.44/2015, бр.193/2015, бр.31/2016,163/2016) и член 38 од Статутот на општина М. Каменица ( Сл. гласник на општина М. Каменица бр. 4/05), Градоначалникот на општина Македонска Каменица го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог детален урбанистички план за блок 13, КО Каменица (плански период 2017-2022) за град Македонска Каменица со површина од 15,30 ха во следниот урбан опфат :

  • Осовина на улица Церска;
  • Западна граница на КП 3793;
  • Граница на плански опфат по ГУП;

односно опфатот западно од улица Церска до граница на плански опфат, мв. Ливада.

Јавната анкета истовремено ќе се спроведува и во електронска и во писмена форма.

Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.

ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 31.08.2017 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 12:00 часот;

Jавната презентација воедно ќе претставува и почеток на ЈАВНАТА АНКЕТА а истата ќе трае 16 работни денаодносно заклучно со 22.09.2017 година.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Предлог детален урбанистички план за блок 13, КО Каменица (плански период 2017-2022) за град Македонска Каменица ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица и на web страната на општината а подетални информации во врска со истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.

Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.

Општина

Македонска Каменица

Градоначалник

Дарко Митевски

Сподели

Остави коментар