С О О П Ш Т Е Н И Е

СООПШТЕНИЕ

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека Министерството за внатрешни работи од 18.03.2020 година  во функција ги става бесплатната телефонската линија 0800 00 201 и е-мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mkкаде граѓаните (на македонски и на албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно со состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

Сите сомнителни случаи, непридржувања кон предвидените мерки за самоизолација, избегнувања на пријавување луѓе кои се вратиле од странство или, пак, прекршување на мерките за ослободување работници, граѓаните може да ги пријават на горенаведените броеви. Телефонскиот број ќе работи 24 часа.

Сподели

Остави коментар