Утврдени условите за користење на штандови за „Каменичко културно лето 2019“

Денес , во просториите на општина Македонска Каменица, се одржа работен состанок со угостителите од Македонска Каменица. На состанокот одржан во пресрет на  Денот на Општината и  Денот на рударите беа утврдени следните услови под кои угостителите ќе можат да користат штандови на Градскиот плоштад за време на „Каменичкото културно лето 2019“:

  • Штанд на Градскиот плоштад и на делот од улицата на Градскиот плоштад (ул. 28. Август) за угостителите од Македонска Каменица ќе чини 5.000,00 денари од ден, односно 10.000,00 денари за два дена од „Каменичко културно лето 2019“.
  • Штанд со помала големина, поставен во близина на Градски плоштад ќе чини 2.000,00 денари од ден, односно 4.000,00 денари за два дена од „Каменичко културно лето 2019“
  • Наплатата ќе ја вршат инкасаторски служби од ЈП „Камена Река“ – Македонска Каменица
  • Корисниците на штандови треба да имаат регистрана дејност – угостителство.
  • Штандовите се во ограничен број, истите ќе бидат распределувани по принцип „Прв дојден прв услужен“.
  • Штандовите со пијалоци и скара ќе бидат позиционирани покрај кејот на Каменичка река, додека штандовите кои ќе опслужуваат само пијалоци, ќе бидат сместени на долниот дел од плоштадот т.е спроти главна бина.
  • Штандовите не продаваат алокохолни и безалкохолни пијалоци во стакло. Дозволена е нивна продажба во лименки и служење во пластични чаши.
  • Краен рок за резервација на штандовите е 26. Август 2019 година, до 12:00 часот, во просториите на ЈП „Камена Река“ – Македонска Каменица. Потоа штандовите ќе бидат издадени на останати заинтересирани лица.
  • Угостителите кои ќе закупат штанд, ќе добијат пристап за едно возило до Градскиот плоштад кое ќе им служи за дотур на роба. За пријавените автомобили ќе биде издадена Пропусница од општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар