Фотоволтаични системи за двете училишта и детската градинка во Македонска Каменица

На ЈОУДГ „Бамби“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во општина Македонска Каменица ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи. Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги. Станува збор за грант од вкупно 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија, а се наменети за набавка на фотоволтаични системи. Вакви системи за јавни објекти ќе добијат 35 општини од четири региони во државата.

Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија.

Објектите на кои ќе се инсталираат овие системи ќе можат самите да произведуваат струја преку фотонапонски системи.

Сподели

Остави коментар