Врз основа на член 28 став 4и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) и член 49 од Статутот на општина М. Каменица (Сл. Гласник на општина М. Каменица бр. 20/19), Градоначалникот на општина М. Каменица донесе
За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог на Урбанистички план за село Саса (плански период 2021-2031) општина Македонска Каменица со тех.бр.0801-05-06/22 08/2023 изработен од изработен од ДУТУ”ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ’’ ДОО Битола.
Просторот кој е предмет на Урбанистички план за село Саса, Општина Македонска Каменица, се наоѓа северно од градот Македонска Каменица и припаѓа во КО Саса. Границата на плански опфат на Урбанистички план за село Саса, Општина Македонска Каменица ја претставуваат 5 затворени линии со прекршни точки со точни координати и катастарски парцели дадени детално во текстуалниот и графичкиот дел на планот .
Граница на планскиот опфат со површина од 61,35 ха;
Во прилог на соопштението е дадена и едноставна мапа со граници на опфатот.
Целосниот Предлог Урбанистички план за село Саса (плански период 2021-2031) општина Македонска Каменица со текстуален , графички и нумерички дел може да се види на веб страната на општината- www.makedonskakamenica.gov.mk
Јавната анкета истовремено ќе се спроведува и во електронска и во писмена форма.
Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.
JАВНАТА АНКЕТА на Предлог Урбанистички план за село Саса (плански период 2021-2031) општина Македонска Каменица ќе трае од 26.10.2023-27.11.2023 година
ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 01.11.2023 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 12:00 часот;
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Предлог на Урбанистички план за село Саса (плански период 2021-2031) општина Македонска Каменица, ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица , на web страната на општината и во е-урбанизам како и на повеќе локации во село Саса (месна заедница с.Саса, локални колонијални продавници) а подетални информации во врска за истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.
Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам, месните заедници како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.
Градоначалник
Димчо Атанасовски
Документи
Предлог урбанистички план за село Саса (плански период 2021-2031)