15-та Седница на Совет на општина Македонска Каменица (Видео)

Советот на општина Македонска Каменица ја одржа 15-та Седница по ред на која како прва точка на Дневниот ред беше донесен Буџетот на општината за 2019 година.
Во насока на уште поголема транспарентност во работењето на општината, Советот на општина Македонска Каменица донесе одлука Седниците на Совет да бидат снимени и интегралните снимки бидат објавени на официјалната веб- страна Општината.

 

На 15-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица со 6 гласа ЗА и 5 гласа против, беше усвоен предложениот буџет на Општината за 2019 година. Буџетот на општина Македонска Каменица изнесува 228.087.775 денари од кој планирани средства на основниот буџет се во висина на 144.612.775 денари,планирани средства за самофинансирачки активности се во износ од 5.380.000 денари,планирани средства на сметката за блок дотација се во износ од 73.595.000 денари и планирани средства на сметката за донации се во износ од 4.500.000 денари.

Сподели

Остави коментар