Тестирање на систем за тревожење – 28.11.2025 (петок)
Почитувани жители на општина Македонска Каменица,
Ве информираме дека на ден 28 ноември 2025 (петок) “Рудник САСА” ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење, кој служи за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди.
Напоменуваме дека ова е исклучиво тест на функционалноста на системот коj се спроведува согласно законската регулатива. Целта на тестирањето е да се провери исправноста на системот и да се обезбеди негова целосна функционалност во случај на реална потреба.
Тестирањето ќе се одвива во период од 12:00 до 12:30 часот и ќе биде извршено со кратко вклучување на сите сирени, распоредени од индустрискиот круг на рудникот до градот, по течението на Каменичка Река.
Вашето разбирање и поддршка сѐ од големо значење за одржување на системот за заштита и безбедност.
Ви благодариме за разбирањето.