Ацо Пејовиќ доаѓа во Македонска Каменица на 28 август

„Каменичко културно лето 2026“ ќе има голема завршница со настапот на една од најпознатите балкански музички ѕвезди.

На 28 август, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, ќе настапи Ацо Пејовиќ.

Пејовиќ доаѓа со комплетен состав, а публиката ја очекува големо музичко шоу кое ќе трае повеќе од два часа.

Во текот на концертот ќе бидат изведени неговите најголеми хитови, со што посетителите ќе имаат можност да уживаат во целосен концертен спектакл и препознатливата музичка енергија на еден од најпопуларните изведувачи на регионалната сцена.

Настапот на Ацо Пејовиќ ќе биде големото финале на „Каменичко културно лето 2026“, кое од 26 до 28 август носи три вечери исполнети со музика, забава и дружење во Македонска Каменица.

Датум: 28 август 2026 година
Локација: Градски плоштад, Македонска Каменица
Изведувач: Ацо Пејовиќ
Времетраење: повеќе од два часа

Македонска Каменица ве чека.

Се гледаме на спектакл!

Сподели

Остави коментар