Известување за изменет режим на сообраќај за „Ден на дијаспората 2026“

Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека поради одржувањето на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, во периодот од 05:00 часот во недела, 9 август, до 12:00 часот во понеделник, 10 август 2026 година, ќе има изменет режим на сообраќај во централното градско подрачје.

За сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „Александар Македонски“, на потегот од раскрсницата со улицата „Осоговска“ до раскрсницата со улицата „Гоце Делчев“.

Општина Македонска Каменица истовремено апелира до граѓаните да не ги оставаат своите возила на паркингот кај Поштата во наведениот период, со цел да се овозможи непречено одвивање на активностите поврзани со одржувањето на манифестацијата.

Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките за изменетиот режим на сообраќај.

Општина Македонска Каменица им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето, трпението и соработката.

Ве повикуваме заеднички да придонесеме за непречено одржување на „Ден на дијаспората 2026“.

Сподели

Остави коментар