КУД „Вера Јоциќ“ со голем концерт во рамките на „Ден на дијаспората 2026“

КУД „Вера Јоциќ“ ќе биде дел од програмата на „Ден на дијаспората 2026“ во Македонска Каменица, со голем концерт на кој ќе настапат повеќе од 120 членови на друштвото од сите возрасни групи.

Подготвената програма ќе трае околу час и половина и ќе донесе богатство од македонски фолклор, музика, традиција и игра.

Настапот ќе се одржи на главната улица во Македонска Каменица, каде публиката ќе има можност да ужива во енергијата и талентот на членовите на КУД „Вера Јоциќ“.

Особена вредност на концертот е учеството на членови од различни возрасни категории, со што на едно место ќе бидат претставени повеќе генерации обединети преку љубовта кон македонската традиција и фолклор.

„Ден на дијаспората 2026“ е можност за заедничко дружење, прослава на традицијата и создавање убави спомени за каменичани, гостите и нашите сограѓани кои живеат и работат надвор од Македонија.

Ги покануваме сите граѓани да бидат дел од концертот на КУД „Вера Јоциќ“ и заедно да уживаме во едно вистинско музичко и фолклорно доживување.

Се гледаме на главната улица во Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар