На 13 септември 2026 година, со почеток во 10:30 часот, на Еленец во село Цера ќе се одржи традиционалната манифестација „Бабина баница 2026“.
Организатор на манифестацијата е Здружението на пензионери Македонска Каменица, во соработка со Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица.
Манифестацијата и оваа година ќе ги обедини традиционалната домашна кујна, народното творештво, фолклорот и дружењето.
Програмата е поделена во три дела – културно-уметнички, кулинарски и забавен.

Културно-уметничката програма ќе понуди настапи на фолклорни групи, изворни песни и ора и промоција на народното творештво и традицијата.
Во кулинарскиот дел ќе бидат претставени месењето, сукањето и традиционалното печење баница под вршник, како и домашни рецепти и кулинарски умеeња.
Програмата ќе биде дополнета со музика, песна, игра и дружење за сите присутни.
„Бабина баница 2026“ е уште една можност за зачувување и промовирање на нашите обичаи, традиционалната кујна и културното наследство и нивно пренесување на идните генерации.
Ги покануваме граѓаните и гостите на 13 септември да ни се придружат на Еленец и да бидат дел од оваа традиционална манифестација.