ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УГОСТИТЕЛИТЕ КОИ КОРИСТЕА ЈАВНА ПОВРШИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

До сите угостители кои за време на одржувањето на настаните на градскиот плоштад имаа поставено свои штандови, маси, фрижидери и друга опрема, Ве известуваме дека денес, во текот на денот, сте должни целосно да ја отстраните поставената опрема и сите материјали од јавната површина на градскиот плоштад.

Исто така, потребно е веднаш да го отстраните и преостанатиот отпад. Кесите со отпад не смее да се оставаат надвор од садовите за отпад, бидејќи со тоа се создава дополнителен неред и се загрозува чистотата на јавната површина.

По завршувањето на настаните поминаа два дена, а плоштадот сè уште не е ослободен и оставен во состојба во која треба да биде по завршувањето на манифестацијата. Дополнително, невремето во текот на ноќта ја влоши состојбата и создаде недозволив неред.

Очекуваме најдоцна до крајот на денешниот ден секој од вас да ја исчисти и ослободи површината што ја користел, за утре Јавното претпријатие да може непречено да изврши целосно чистење на градскиот плоштад.

Користењето на јавна површина подразбира и одговорност за нејзино оставање во уредна и чиста состојба.

Ве молиме ова известување да го сфатите сериозно и да постапите без одлагање.

Општина Македонска Каменица

Сподели

Остави коментар