Советот на Општина Македонска Каменица донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општината за време на одржувањето на манифестацијата „Каменичко културно лето“.
Согласно донесената одлука, на 26, 27 и 28 август 2026 година работното време на угостителските објекти во Македонска Каменица се продолжува за два часа.

Одлуката е донесена на 14-тата седница на Советот на Општина Македонска Каменица, одржана на 26 август 2026 година, во согласност со Годишната програма за култура за 2026 година донесена од КИЦ „Романса Македонска Каменица“.
Продолжувањето на работното време е во рамки на одржувањето на „Каменичко културно лето“, кое од 26 до 28 август носи повеќедневна културно-забавна програма во Македонска Каменица.
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“.