Општина Македонска Каменица ја објавува програмата за „Каменичко културно лето 2026“, кое ќе се одржи од 26 до 28 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Во рамки на тридневната програма се предвидени содржини за различни генерации, детски фестивал и претстави, настапи на културно-уметнички друштва, концерти и музичка програма со диџеи.
Програма:
26 август 2026
19:00 – Детски фестивал „Ѕвездички“
20:00 – Културно-уметнички друштва
21:00 – Бојан Илиевски
22:30 – Тајзи
00:00 – DJ
27 август 2026
19:00 – Детска претстава „Жижи“
20:00 – Филип Александровски & бенд
22:00 – Мирза Селимовиќ
00:00 – DJ
28 август 2026
19:00 – Детска претстава „Биби и Боби“
20:00 – Бенд BLUE
22:00 – Ацо Пејовиќ
00:00 – DJ
Сите програмски содржини ќе се одржат на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните и гостите да бидат дел од трите вечери на „Каменичко културно лето 2026“.
Организаторот го задржува правото за промена на програмата.