Градоначалничката Соња Стаменкова на работна средба во Белица во рамки на проектот ALLURE

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, денес во Белица, Република Бугарија, оствари работна средба со градоначалникот на Белица, Радослав Ревански, градоначалникот на Јакоруда, Мехмед Вакљов и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, во рамки на прекуграничниот проект ALLURE.

На средбата се разговараше за реализацијата на предвидените проектни активности, меѓусебната соработка и можностите за поврзување и промоција на природното и културното наследство на партнерските општини.

За Општина Македонска Каменица, проектот носи конкретни придобивки преку реализација на планинска велосипедска патека во должина од 26,1 километри и набавка на пет електрични планински велосипеди.

Со реализацијата на овие активности ќе се создадат нови можности за развој на активниот и одржлив туризам, подобро искористување на природните потенцијали и збогатување на туристичката понуда на Македонска Каменица.

Прекуграничната соработка во рамки на проектот ALLURE овозможува поврзување на природното и културното наследство од двете страни на границата и придонесува кон праведна транзиција и развој на локалната економија.

Сподели

Остави коментар