BLUE ќе настапат на 28 август на „Каменичко културно лето 2026“

„Каменичко културно лето 2026“ продолжува со уште една музичка вечер на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.

На 28 август ќе настапи BLUE, македонската музичка атракција позната по своите енергични настапи и одличната атмосфера која ја создава со публиката.

Со својата препознатлива енергија, BLUE ќе ја загреат атмосферата и ќе бидат предгрупа на главната ѕвезда на вечерта, чие име ќе биде објавено дополнително.

Музиката, дружењето и доброто расположение ќе бидат во центарот на оваа летна вечер, како дел од програмата на „Каменичко културно лето 2026“.

Крајот на летото резервирајте го за Македонска Каменица и за музичката програма која ве очекува на Градскиот плоштад.

📅 28 август 2026
📍 Градски плоштад, Македонска Каменица
🎸 BLUE

Се гледаме!

Сподели

Остави коментар