
Босанската поп ѕвезда и еден од најизвонредните вокали на Балканот, Мирза Селимовиќ, доаѓа во Македонска Каменица во рамките на „Каменичко културно лето 2026“.
Големото музичко шоу е закажано за 27 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде публиката ќе има можност да ужива во неговите познати хитови и препознатливиот вокал.
Мирза Селимовиќ важи за еден од најуспешните пејачи на регионалната музичка сцена, а неговиот настап во Македонска Каменица ветува незаборавна атмосфера и вистинско музичко уживање.
Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните и сите посетители да бидат дел од оваа голема музичка вечер.
📅 27 август 2026
📍 Градски плоштад – Македонска Каменица
🎤 Мирза Селимовиќ
Се гледаме во Македонска Каменица!