Јавен повик до угостителските објекти за учество на „Ден на дијаспората 2026“

Во рамки на веќе објавениот јавен повик за поставување продажни штандови за манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, Општина Македонска Каменица ги повикува и сите заинтересирани угостителски објекти да бидат дел од настанот.

Угостителските објекти кои се наоѓаат во непосредна близина на локацијата предвидена за поставување на бината ќе можат да го користат просторот непосредно пред своите деловни објекти за вршење на угостителска дејност, согласно утврдениот распоред.

Сите останати заинтересирани угостителски објекти ќе имаат можност да постават штандови на преостанатиот слободен простор, согласно утврдениот распоред.

Заинтересираните угостители се повикуваат навремено да се пријават во Општина Македонска Каменица, каде ќе бидат задолжени со комунална такса согласно важечките прописи.

Заинтересираните учесници за поставување штандови, согласно веќе објавениот повик, можат да достават Барање за користење на јавна површина за вршење на дејност во Архивата на Општина Македонска Каменица или на:

📧 opstina@makedonskakamenica.gov.mk

Рокот за пријавување е 07 август 2026 година.

Напомена

Општина Македонска Каменица обезбедува простор за поставување на штандовите, додека целокупната законска и даночна одговорност за работењето е на учесниците.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават навреме и да бидат дел од „Ден на дијаспората 2026“.

Сподели

Остави коментар