Бојан Илиевски ќе настапи на првата вечер на „Каменичко културно Лето 2026“

Бојан Илиевски настапува на „Каменичко културно Лето 2026“ во Македонска Каменица

Победникот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, Бојан Илиевски, е еден од изведувачите кои ќе настапат на првата вечер од овогодишното „Каменичко културно Лето“.

Бојан Илиевски, кој со својот музички талент и впечатлив вокал го освои првото место во популарното регионално музичко натпреварување, ќе настапи на 26 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Публиката ќе има можност да ужива во неговата изведба на најголемите балкански хитови и да биде дел од музичката атмосфера со која ќе започне овогодишното „Каменичко културно Лето 2026“.

Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните и сите посетители да бидат дел од првата фестивалска вечер и заеднички да уживаат во музиката, дружењето и забавата на Градскиот плоштад.

Сподели

Остави коментар