
Општина Македонска Каменица објавува Јавен повик за поставување на продажни штандови за потребите на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 09 август 2026 година на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица.
Повикот е наменет за сите заинтересирани субјекти кои сакаат да учествуваат со свои производи и услуги во рамки на оваа традиционална манифестација.
Начин на доделување
Просторот се доделува со:
- административна такса во износ од 300 денари и
- комунална такса за користење јавен простор во висина од 5 денари по м²,
сè до пополнување на расположливите локации.
Право на учество
Право на учество имаат:
- правни лица,
- самостојни вршители на дејност,
- физички лица кои вршат продажба од времен карактер и продажба на сопствени рачно изработени производи.
Физичките лица не смеат да вршат продажба на храна и пијалоци.
Обврски на учесниците
Учесниците се должни:
- да имаат регистрирана дејност согласно закон,
- да обезбедат фискален апарат,
- да издаваат фискална сметка за секоја извршена продажба,
- да ги почитуваат сите прописи на Управата за јавни приходи.
Физичките лица пред започнување со продажба треба да поднесат Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-ПП) и да поседуваат решение од УЈП.
Пријавување
Заинтересираните учесници треба да достават Барање за користење на јавна површина за вршење дејност во Архивата на Општина Македонска Каменица или електронски на:
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Најдоцна до 07 август 2026 година.
Напомена
Општина Македонска Каменица обезбедува простор за поставување на штандовите, додека целокупната законска и даночна одговорност за работењето е на учесниците.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават навреме и да бидат дел од „Ден на дијаспората 2026“.