Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), Општина Македонска Каменица, на ден 11.02.2024 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за комплекс на рудник Саса, КО Саса, општина Македонска Каменица, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Македонска Каменица, makedonskakamenica.qov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за комплекс на рудник Саса, КО Саса, општина Македонска Каменица, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Поради зголеменото производство на Рудникот Саса во последните години, се јави потреба од проширување на веќе постоечкиот опфат кој ќе се користи за одлагање на јаловина во хидројаловишта. Од процесот на обработка на руда, т.е. во текот на одвојувањето на оловото и цинкот, се создава нус-производ – флотациска пулпа (јаловина), која досега се одлагаше низводно во неколку хидројаловишта изградени по долината на река Каменица. Тие се три хидројаловишта: хидројаловиште бр. 1, хидројаловиште бр. 2, хидројаловиште бр. 3.1 (сите три се класифицирани и затворени) хидројаловиште бр 3.2 (во процес на затварање) и тековно активното хидројаловиште бр. 4. Моменталниот очекуван век на експлоатација на Хидројаловиште 4 без предложениот проект е 4 – 5 години. Според проценките на раководството на Рудникот САСА, би било потребно да се изградат две дополнителни конвенционални хидројаловишта за одлагање на флотациската јаловина низводно од Хидројаловиште 4.
- Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Бр. 12-416/1
Датум: 11.02.2025
Место: Општина Македонска Каменица
Гртадоначалник
Димчо Атанасовски
- Decision on Non-Implementation of Strategic Assessment For the planning document Urban Plan outside the Settlement for the Sasa Mine Complex, CM Sasa, Municipality of Makedonska Kamenica Urban Plan outside the Settlement for the Sasa Mine Complex, CM Sasa, Municipality of Makedonska Kamenica
- Urban Plan outside the Settlement for the Sasa Mine Complex, CM Sasa, Municipality of Makedonska Kamenica