Известување за спроведување интервјуа за избор на членови на Управни и Надзорни одбори во ЈП „Камена Река“ и ЈП „Доминг“

Во врска со јавните повици број; 08-3390/1 од 29.12.2025 година; 08-3392/1 од 29.12.2025 година; 08-3394/1 од 29.12.2025 година и 08-3396/1 од 29.12.2025 година, објавени од страна на Советот на Општина Македонска Каменица за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор во ЈП “Камена Река“ Македонска Каменица и во ЈП “Доминг“ Македонска Каменица, Комисијата за селекција ги  известува сите кандидати кои поднеле пријави дека втората фаза од селекцијата – интервју ќе се спроведе во следните денови:

  1. За избор на членови на Управен и Надзорен одбор во ЈП “Камена Река“ Македонска Каменица на ден 10.02.2026 година (вторник) со почеток во 17 часот во салата за состаноци во Општина Македонска Каменица;
  2. За избор на членови на Управен и Надзорен одбор во ЈП “Доминг“ Македонска Каменица на ден 11.02.2026 година (среда) со почеток во 17 часот во салата за состаноци во Општина Македонска Каменица.

            Се задолжуваат кандидатите за избор на членови на Управните и Надзорните одбори при спроведувањето на интервјуто да ги достават на увид во оригинал или копии заверени на нотар сите доставени документи со пријавата, согласно одлуката на Совет бр.08-319/1 од 03.02.2026 година.

Претседател на Комисија
Анета Темчева

 

Click to access izvestuvanje_zadolzuvanje.pdf

Сподели

Остави коментар