Општина Македонска Каменица објави постапка за јавна набавка и испорака на ново специјално противпожарно возило, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица.
Набавката на новото возило ќе придонесе за зајакнување на оперативните капацитети на противпожарната единица и подобрување на условите за работа на пожарникарите.

Современото специјално возило ќе овозможи побрза, поефикасна и побезбедна интервенција при пожари и други итни ситуации, со што дополнително ќе се унапреди системот на противпожарна заштита на локално ниво.
Општина Македонска Каменица продолжува со активности и инвестиции насочени кон подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица и зголемување на безбедноста на граѓаните.