Општина Македонска Каменица и Здружението за развој на земјоделство и заштита на животната средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, со кој се создава основа за заеднички активности и организирано претставување на Македонска Каменица.
Посебен акцент во соработката е ставен на организираното учество на Општина Македонска Каменица на „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2026“ – IX Меѓународен саем на органски и традиционални производи и „AGROMAK 2026“ – V Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки. Манифестациите ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во Спортско-рекреативниот центар во Куманово.
Меморандумот предвидува можности за вклучување на локални производители, здруженија и граѓански иницијативи, жени и млади од руралните средини, културно-уметнички друштва и други локални чинители.

Предвидени се и можности за презентација на традиционална храна, домашни и локални производи, ракотворби, како и претставување на руралните населени места и природните и туристичките потенцијали на Македонска Каменица.
Соработката има за цел поголема видливост на локалните производители и иницијативи, промоција на локалното производство, традиционалната храна, ракотворбите и културните содржини, како и поврзување на Македонска Каменица со други општини, производители, институции, здруженија и партнери.
Меморандумот претставува рамковна основа за соработка, при што конкретните организациски, материјални или финансиски прашања за одделни активности дополнително се уредуваат.