Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Соња Стаменкова упатува Јавен повик до семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица, за доставување на барање за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица, за учебната 2026/2027 година.

За остварување на правото, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:
- Потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение, издадена и заверена од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица;
- фотокопија на извод од матична книга на родени (за детето-прваче);
- фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите, од кој се видни податоците за живеалиштето во Општина Македонска Каменица и
- фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател.
Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од 7 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.