Во Општина Македонска Каменица се одржа четвртата и завршна сесија на Проектниот форум, со што беше заокружен процесот на директно учество на граѓаните во предлагањето, разгледувањето и изборот на проекти од значење за локалната заедница.
На завршната сесија граѓаните преку гласање и бодување одлучуваа за три предлог-проекти.
Резултатите се:
ЕКО пазар во Македонска Каменица – 20 поени
Училишен кампус – 18 поени
Музеј на рударство – 10 поени

Покрај гласањето за предложените проекти, од четирите одржани форумски сесии произлегоа и 10 препораки од граѓаните до Општина Македонска Каменица:
1. Отворање на Младински центар
2. Реконструкција на трпезарија и поставување на настрешница на Грчки гробишта
3. Изградба на мост за возила на горна Каменичка Река
4. Реконструкција на кејот на Каменичка река
5. Изградба на тротоари на ул. Церска
6. Поставување на куќички за бездомници
7. Уредување на постоечката теретана
8. Поставување на контејнери за рециклирање и селекција на отпад, како и воведување компостери за органскиот отпад
9. Реконструкција на водоводот во Стара Каменица и во Дулица
10. Езерски туризам – уредување на пешачка патека на Калиманско Езеро

Препораките произлегоа од жителите кои учествуваа во форумските сесии и претставуваат конкретни насоки за потребите и приоритетите на локалната заедница.
Проектниот форум се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со грант-фонд од 30.000 американски долари.
Проектот се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.
Општина Македонска Каменица им се заблагодарува на сите граѓани кои активно учествуваа во форумскиот процес и дадоа свој придонес во утврдувањето на локалните приоритети.