за резервација на продажни куќички за Новогодишен базар
Општина Македонска Каменица објавува Јавен повик за резервација на продажни куќички за потребите на Новогодишниот базар, кој ќе се одржи во период од 25.12.2025 до 21.01.2026, на локација Градски Плоштад Македонска Каменица.
- Начин на доделување
Продажните куќички се доделуваат без надомест, по принцип „прв дојден – прв услужен“, сè до пополнување на расположливиот број.
- Право на учество
Право на учество имаат:
- правни лица,
- самостојни вршители на дејност,
- физички лица кои вршат продажба од времен карактер и продажба на сопствени рачно изработени производи.
⚠️ Физички лица не смеат да вршат продажба на храна и пијалоци.
- Обврски на учесниците
Секој учесник е должен:
- да има регистрирана дејност согласно закон,
- да обезбеди фискален апарат за продажното место,
- да издава фискална сметка за секоја извршена продажба,
- да ги почитува сите прописи на Управата за јавни приходи.
Физичките лица се должни пред започнување со продажба да поднесат Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-ПП) и да поседуваат решение од УЈП.
- Пријавување
Пријавувањето се врши со доставување на Барање за учество во Архивата на Општина Македонска Каменица или по електронски пат на opstina@makedonskakamenica.gov.mk , најдоцна до 21.12.2025
- Напомена
Општината обезбедува простор и куќичка, а целокупната законска и даночна одговорност е на учесниците.
Градоначалник
Соња Стаменкова
Документи: