Одржлив локален економски развој на општина Македонска Каменица

Проектот „Одржлив локален економски развој на општина Македонска Каменица“ е заедничка иницијатива на Општина Македонска Каменица и Саса фондација, а се имплементира од страна на Приме Поинт, консултантска компанија од Скопје.

Проектот се состои од три фази, секоја фаза зависи од успешното завршување на претходната. Целта на првата фаза е да се дефинираат стратешките определби за развој на Македонска Каменица со фокус на сектор земјоделство и секторот туризам.

Во рамките на првата фаза, во период од 29.03-10.05.2023 беа одржани серија на работилници на кои учествуваа претставнци од од јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор, образовните институции, индивидуалните земјоделци, млади лица како и други претставници.

Низ серијата на работилници, учесниците предводени од експертите на Приме Поинт беа организирани во 2 работни групи: земјоделство и туризам и заеднички, низ јавно-консултативен процес ги анализираа силните страни и недостатоците во понудата на дестинацијата како и можностите за развој со фокус на овие две области. Како резултат на овој процес, учесниците  ги дефинираа стратешките определби за економски развој и изготвија листа на можности за развој на земјоделството и туризам во Македонска Каменица.

Во прилог ја споделуваме листата на можностите за развој и за сите граѓани кои немаа можост да присуствуваат на работилниците, а имаат дополнителен предлог, ќе ве замолиме да го испратите вашето мислење и/или идеја на следниов маил: majablazev@theprimepoint.com  најдоцна до 14.06.2023 до 16.00 часот.  

Ви благодариме за вашиот интерес и вклучување во проектот „Одржлив локален економски развој на општина Македонска Каменица“ со што ќе допринесете за подобро дефинирање на стратешките определби на Општината.

Сподели

Остави коментар