Почитувани жители на Македонска Каменица,
Ве информираме дека на 25 септември 2026 година (петок), Рудник САСА ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење, кој служи за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди.
Тестирањето ќе се одвива во периодот од 12:00 до 12:30 часот и ќе биде извршено со кратко вклучување на сите сирени распоредени во индустрискиот круг на Рудник САСА.

Напоменуваме дека станува збор исклучиво за тест на функционалноста на системот, кој се спроведува согласно законската регулатива.
Целта на тестирањето е да се провери исправноста на системот и да се обезбеди негова целосна функционалност во случај на реална потреба.
Вашето разбирање и поддршка се од големо значење за одржување на системот за заштита и безбедност.
Ви благодариме за разбирањето.