Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните да учествуваат на четвртата и завршна сесија на Проектниот форум, која ќе се одржи на 1 октомври 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Спортската сала на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.
По три форумски сесии, во кои граѓаните активно учествуваа во дефинирањето на идеите и локалните потреби, форумскиот процес стигнува до завршниот чекор – гласањето.
На четвртата сесија граѓаните ќе одлучуваат кој проект или проекти ќе бидат финансирани од грант-фондот во вредност од 30.000 американски долари.

Во финалната фаза се три предлог-проекти:
- Музеј на рударство
- ЕКО пазар во Македонска Каменица
- Изградба на училишен кампус
Форумскиот процес им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во носењето одлуки за приоритетите и развојот на локалната заедница.
Сесијата се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, преку компонентата за мали грантови за поддршка на приоритетни мерки избрани од заедницата.
Настанот го организира Општина Македонска Каменица во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиран од Владата на Швајцарија, Министерството за локална самоуправа и УНДП.
Ги повикуваме граѓаните да учествуваат на завршната форумска сесија и со својот глас директно да придонесат во изборот на проектот или проектите што ќе бидат финансирани.