Општина Македонска Каменица објавува Јавен повик до лица со попреченост и семејства на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица, за доставување барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година.

За остварување на финансиската помош потребно е да се достават:
- барање за остварување на правото на еднократна парична помош, чиј составен дел е изјава за користење на лични податоци;
- фотокопија од важечка лична карта како доказ за жител на Македонска Каменица;
- фотокопија од извод од матичната книга на родени, односно венчани, како доказ за сродство;
- наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченост и посебните потреби на лицата со попреченост;
- наод и мислење од Службата за функционална проценка (МКФ);
- потврда дека лицето остварува право на надоместок заради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;
- веродостојна медицинска документација со која се утврдува исполнувањето на бараните услови од член 4 на Правилникот;
- фотокопија од трансакциска сметка.
Јавниот повик се однесува на лица жители на Општина Македонска Каменица.
Потребната документација може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица (соба бр. 1) или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Рокот за доставување на документацијата е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.