Општина Македонска Каменица објавува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители за доставување барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година.
За остварување на финансиската помош потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:
- фотокопија од важечка лична карта или фотокопија од извод од матичната книга на родени доколку се работи за малолетни лица;
- потврда од Министерството за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители;
- изјава заверена кај нотар за еднородителски семејства;
- потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесувањето на барањето или чек од последната пензија;
- потврда од АВРМ за невработени членови на семејството;
- доказ од Управата за јавни приходи за пријавени или остварени приходи, лични и за членовите на потесното семејство, за претходната година;
- фотокопија од трансакциска сметка.
Јавниот повик се однесува на лица жители на Општина Македонска Каменица.
Потребната документација може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица (соба бр. 1) или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Рокот за доставување е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.