Асфалтирањето на пристапни патишта во село Моштица е во завршна фаза

 

Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања врши асфалтирање на пристапни патишта – кракови во село Моштица со вкупна должина од 375 метри. Асфалтен пат со ширина од 3,5 метри и тампониран дел со ширина од 5 метри ќе добијат жителите на Моштица од маало Ваинци со 75 метри должина, Бунар 110 метри должина, Бабанец 100 метри должина и до Селото ќе води асфалтен пат со должина од 90 метри. 

Изведувач на работите е „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, вкупна вредност на проектот со кој трајно се решава проблемот поврзан со пристапен пат до овие маала во село Моштица е 2.326.062 денари. По завршувањето на овие пристапни патишта (кракови) во село Моштица, општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапни патишта на територијата од останатите селски средини. 

Сподели

Остави коментар