Во Македонска Каменица организирана „Промоција на Македонија 2025“

Во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица, денес се оддржа „Промоција на Македонија 2025“ како организација која го помага развојот на економијата во Македонија.  Пред голем број стопанственици и претставници на фирми од регионот говореа Билјана Марковиќ, директорка на Македонија 2025, градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Никола Ќурчиски, претставник на Македонија 2025.

Во текот на работниот дел, од страна на директорката Билјана Марковиќ  беа презентирани насоките на дејствување на организацијата. Придобивките и можностите за развој на компаниите, преку воведување на западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики. Ја објасни структурата на организацијата, мотивите за нејзино формирање, начинот на кој функционира и активностите преку кои им помага на компаниите во делот на обезбедување контакти, соработка и созадавање на нови бизнис релации.

Додека Никола Ќурчиски преку искажувањето на своето лично искуство во соработката со оваа организација на бизнисмените и претставниците на компаниите им ја пренесе пораката дека, само со заедништво и вмрежување на компаниите можат да се постигне потребната конкурентност на пазарот, подигање на нивото на квалиетот и вредност на производството, преку градење на заедничка стратегија за развој на компаниите.

Во краткото обраќање пред присутните градоначалникот Стаменкова говореше за придобивките и можностите од ваквите промотивни настани, за развој на нашите компании и нивно насочување кон западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики.
Ја потенцираше силната поддршката што општина Македонска Каменица, како локална самоуправа ориентирана кон привлекување на нови инвестиции, ја дава за ваквиот начин на соработка помеѓу фирмите и компаниите од регионот. Како и честа и задоволството што Македонска Каменица, како град се најде на мапата на сериозна и успешна организација како што е „Македонија 2025“.

Со директорката Биљана Марковиќ Стаменова, членовите на тимот и Никола Ќурчиски, претставник и дел од работната група на „Македонија 2025“, денешната средба беше искористена за разменување на мислења и креирање на планови за продлабочување на соработката во насока на развој на економијата во овој регион.

Сподели

Остави коментар