„Презентација на нови мерки и програми за земјоделци“ организирана од општина Македонска Каменица

Во организација на општина Македонска Каменица, на 09. Октомври 2018 година (вторник), во просториите на Дом на култура со почеток од 15:00 часот, ќе се оддржи „Презентација на нови мерки и програми за земјоделци“ кои ги нуди Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. На едукативната средба со земјоделците од Општината ќе бидат презентирани и новите начини, форми и можности за аплицирање за средства преку програми и проекти до ЕУ фондовите.

На средбата, покрај претставници од локалната самоуправа на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, ќе биде присутен и Иле Каранфиловски – раководител на Подрачната служба на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево. Презентацијата ќе биде одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нуди Владата на Република Македонија и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделието. ВО рамки на средбата ќе биде опфатена можноста и за размена на мислења со земјоделците, разговор и разгледување на нивни сугестии и прашања со присутните претставници на локалната и централната власт.

 

Сподели

Остави коментар