Сменети се последните метри азбестни цевки од водоводната мрежа во Македонска Каменица

Сменети се последните 110 метри од азбестна водоводна мрежа во општина Македонска Каменица. Целосно е завршен процесот на отстранување на канцерогените водоводни цевки на целата територија од градот. Со тоа општина Македонска Каменица ја остварува својата заложба како локална самоуправа да им обезбеди чиста вода за пиење на сите граѓани.

Системски продолжува обновувањето на примарната и секундарна водоводната мрежа на целата територија од Општината. Следен чекор е поставувањето на хлоринатори на водоводните мрежи од селските средини и изработка на проект за замена на мрежата кај дел од домаќинствата во маало Павлиш Дол, кои извесен период ја користат старата градска водоводна мрежа.

Сподели

Остави коментар