ЗАКЛУЧОЦИ ОД СОСТАНОКОТ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 21.10.2020 ГОДИНА

ЗАКЛУЧОЦИ ОД СОСТАНОКОТ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 21.10.2020 ГОДИНА

Денес, 21. Октомври 2020 година со почеток од 12 часот, се одржа состанок на Координатвното тело на општинскиот штаб за заштита и спасување – Македонска Каменица.

Во рамки на расправата околу моменталната состојба со Ковид 19 во општина Македонска Каменица, помеѓу другото беше истакнато дека во моментов од страна на Центарот за јавно здравје решенија за изолација имаат 16 лица, од кои 6 се позитивни на Ковид 19. Сите лица, според извештајот на Полициското одделение на МВР во Македонска Каменица ги почитуваат решенијата за изолација.

Со оглед на периодот што следува, односно период со зголемена можност за ширење на заразата со Ковид 19, покрај редовините активности кои обезбедуваат колективна и лична заштита, општина Македонска Каменица ќе продолжи интензивно да работи на подигање на свеста кај граѓаните и институциите за заштита на личното и јавното здравје.
Во таа насока и во согласност со новите рестриктивни мерки од Владата, Комисијата за заразни болести и досегашните заклучоци од работата Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок беа донесени следниве заклучоци и мерки за постапување:

1. Продолжување со редовна и воведување на вонредни акции за темелна дезинфекција на фрекфентните јавни површини во општина Македонска Каменица.

Според претходно утврдена динамика за работа на ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица да бидат третирани забавните детски паркови, повеќенаменските отворени спортски игралишта, јавните површини како плоштад, плочници, паркови, урбана опрема и влезовите со заедничките простории во станбените живеалишта. Заитересираните граѓани кои живеат во индивидуални живеалишта можат во текот на секој работен ден, од кругот на ЈП Камен Река бесплатно да се снабдат со дезинфекционо средство, кое рационално ќе го употребуваат во домашни услови.

2. Општинскиот штаб за заштита и спасување Македонска Каменица бара од Државниот пазарен инспекторат и МВР да продолжи со редовни времени контроли врз начинот на работењето на трговските и производствените објекти на територија на општина Македонска Каменица во однос на почитувањето и придржувањето кон протоколите за заштита и спречување на ширење на Ковид 19.

3. Граѓаните да избегнуваат присуство и организирање на јавни и приватни забавни настани, односно домашни веселби во затворен или на отворен простор, поради реална и зголемена можност од ширење на Ковид 19. Исто така, не се препорачува движење во поголеми групи без минимално потребно растојание, како и подолг престој на повеќе лица во затворени простории.

4. Врз основа на досегашните и новопропишани мерки и препораки од Владата, а во насока на зголемена безбедност и спречување на ширење на заразата, на локалните, меѓуопштинските и подрачните институции во Македонска Каменица им се наложува да продолжат со вршење на редовна дезинфекција на заедничките и канцелариски работни простории.

5. Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните и сопствениците на трговските, услужните и угостителските објекти на територија на општина Македонска Каменица за почитување и строго придржување и спроведување на досега пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.
Само со почитување на мерките за носење на заштитни медицински маски, редово миење на раце и одржување на физичка дистанца можеме да го зачуваме личното, здравјето на најблиските и јавното здравје во нашата заедница.

Сподели

Остави коментар