ЈАВЕН ОГЛАС за доброволно пријавени лица за членови на парцитипативно тело на општина Македонска Каменица

ЈАВЕН ОГЛАС
за доброволно пријавени лица за членови на парцитипативно тело на општина Македонска Каменица

За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање, општина Македонска Каменица објавува јавен оглас за пријавување на членови на парцитипативно тело при општината .
Парцитипативното тело ги претставува сите различни интереси и групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
Парцитипативното тело се формира од доброволно пријавени лица и истото има право да расправа за сите работи и надлежности на единицата на локалната самуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.
На јавниот оглас за формирање на парцитипативно тело може да се пријават лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓаните што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирање и одржлив развој на градот.
Парцитипативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на парцитипативното тело е јавна.
Јавниот повик ќе трае во периодот од 30 дена ( од 21.09.2020 год. до 21.10.2020 год.), во кој период сите заинтересирани лица е потребно да се пријават во одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој .

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Градоначалник
Соња Стаменкова

Сподели

Остави коментар